Неверифицирани

Говор на омраза ФК Брегалница Штип и ФК Тиквеш Кавадарци

19:53 Jun 7 2019 Штип

Опис
На 04.05.2019 со почеток од 14:00 часот започна спортскиот натрпревар меѓу фудбалските клубови Брегалница и Тиквеш на Градскиот стадион во Штип со Брегалница како домаќини. Поради ова, најголем број од навивачите беа од Фаланга и можеа да се слушнат голем број на изрази во облик на навреди, пцовки и довикувања кон спротивните играчи и судиите. Сепак, во текот на натпреварот кон играчот Донат Алиу од клубот Тиквеш беше директно и вербално упатен навредлив, диксриминаторски и говор полн со омраза со зборовите „шиптар од Шкендија“ со цел да се омаловажи и навреди играчот на база на неговата етничка припадност и поврзаноста со претходниот фудбалскиот клуб Шкендија. Освен да го навреди играчот, недоличниот говор имаше за цел да ја девалвира вредноста на неговата игра, да поттикне раздор помеѓу пошироката маса, па дури и да наиде на облици на насилство доколку околните сонавивачи не спречија ескалирање на ситуацијата.
Повеќе податоци
Вие сте: Сведок

Место каде се случил говор на омраза

Јавен настан: Спортски натпревар

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0