Верифицирано

Црн петок затоа што не ги убија предавниците

08:56 Apr 29 2022 Скопје

Црн петок затоа што не ги убија предавниците
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Twitter, по повод 27 април, денот кога пред 5 години беше извршен упад во македонското собрание и физички напад врз македонски политичари. Во конкретниов случај, говорот на омраза е нотиран на твитер профилот на министерот Љупчо Николовски, кој има објавено твит посветен на немилиот настан. На твитот следат огромен број на коментари и ре-твитови, сите исполнети со говор на омраза, оправдување на стореното насилство, како и повици „за преземање на правдата во свои раце“. Дел од коментарите се следниве: „северџани“, „СМРДСМ со УЧКите терористи“, „вие сте изроди и квинслинзи“, „ќе ви се суди за предавството“, „требаше како кучиња да ве дотепаат“, „требаше да се заврши тој ден еднаш за секогаш со вас предавниците“, „Штета што никој од бранителите не влезе со оружје да ве испотепа до последен. За такви одроди и предавници нема место во Македонија. Сепак не е касно.“ и сл.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Твитер

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0