Верифицирано

Месец на гордоста

14:23 Jun 14 2022 Скопје

Месец на гордоста
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Twitter. Говорот на омраза е поврзан со месецот на гордоста. Твитер профилот @Fritcz на својот твитер профил споделува твит со следната содржина: "Јуни е месец кога се слави гордоста на ЛГБТ заедницата, која е една од најмаргинализираните во земјава, но и насекаде во светот. ЛГБТ лицата секојдневно се соочуваат со предрасуди, дискриминација, вербално и физичко насилство.". На ова следат низа на коментари исполнети со говор на омраза и навредни врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Коментарите се следни: „на толку убави жени по светов некој тебе да те плеска, ама да си горд?“, „Тоа не е парада за ликови кои бараат права,тоа е парада на фрикови“, „сите се обесправени, ЛГБТП, Шиптарите, ненормалните, будалите, искомплексираните, дегенериците, а што да се запрашаат нормалните, да го остават светот на обесправените?“ и т.н.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Твитер

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0