Верифицирано

Руски санкции за „гордо“ Драчево

14:11 Jun 20 2022 Скопје

Руски санкции за „гордо“ Драчево
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Facebook, односно, поконкретно на фејсбук профилот @draganaspasevska. Говорот на омраза е мотивиран од месецот на гордоста и од промената на профилната слика на фејсбук страната Општина Драчево (@drachevo), која очигледано е дека не е официјална страна, со оглед на фактот што Драчево е населба, а не општина. Во постот се прави компарација на нашата политика кон ЛГБТ популацијата и наводната Руска политика, која ги казнува ЛГБТ активистите. На ваквиот пост следат и низа на коментари, исполнети со говор на омраза и повици за насилство: „Ни не се гордејме ни се гадиме оние што зимаат пари за воа зло да го туркаат се гордеат со вакви гадости и зла.“, „Па од ваква педерска држава што можи да се очекува“, „само Путин за вас“, „не знаат што промовираат“ и сл.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0