Верифицирано

Мизерен, гаден, лезбо пост

15:55 Aug 24 2022 Скопје

Мизерен, гаден, лезбо пост
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Facebook, поконкретно на фејсбук страната на дигитиралниот медиум Репортер.мк (@www.reporter.mk). Порталот во своја вест објавил дел од интервјуто со јавната личност и инфлуенсерка Миа Костова, во кое таа зборува за нејзината врска со девојката Тијана и за нејзините чуства во таа врска. Веста е дополнета со слика од двете девојки. Ваквата вест е објавена на фејсбук, и на истата следат низа на коментари, сите исполнети со говор на омраза, навреди и повици за насилство кон двете девојки. Дел од коментарите се следниве: „гадно...“, „мизерно и гадно, не треба да се даваат вакви примери деца гледаат...“, „жива гадота, перверзија до крај“, „само за вакви гадни се пишува...“, „да се сотрат дај Боже...“, „секирате вчело...“, „болни, недоветни...“, „сатаниски...“, и сл. со што се шири говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и полов идентитет.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0