Верифицирано

Објава на профилот„TV Star – Televizija Star“, во форма на прилог за грабежи во Штип - Штип

00:50 Mar 5 2021 Штип

Објава на профилот„TV Star – Televizija Star“, во форма на прилог за грабежи во Штип - Штип Објава на профилот„TV Star – Televizija Star“, во форма на прилог за грабежи во Штип - Штип Објава на профилот„TV Star – Televizija Star“, во форма на прилог за грабежи во Штип - Штип
Опис
На фејсбук профилот на локалната штипска телевизија „TV Star – Televizija Star“, e објавена вест за неколку кражби кои се случиле во Штип и последиците од нив. Во делот за коментари на ваквиот прилог, има повеќе жители на Штип кои коментираат во однос на настанатите кражби, ги осудуваат ваквите девијантни појави преку изрази од најразлични форми. Сепак, еден од коментарите содржи говор на омраза во обликот: „За некои мајка, за некои маќеа. Циганска раја“, со што, најпрвин врши директна дискриминација со тоа што смета дека крадците се припадници на ромската етничка заедница. Второ, користи говор на омраза за карактеризација на самите крадци, со што ја задлабочува стигматизацијата на ромското население како сторители на кривични дела, во основа на нивната етничка карактеристика.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0