Верифицирано

Педери, лезбејки и атеисти секако не одат во црква за Велигден

23:57 Apr 12 2020 Кавадарци

Опис
Говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет/религија и религиско уверување се препознава во фејсбук постот на отец Иван Стојменов од Кавадарци. На 11 април тој на неговиот фејсбук профил упатува апел со зборовите „педерите, лезбејките атеистите и сличните на нив секако не одат во црква, дозволете им барем на оние кои веруваат во Бога да дојдат на Велигден во црквите да му благодарат на Бога за она што го имаат. Да го помолат за она што им е потребно и да го прослават воскресението Христово.“ Најверојатно, под притисок на јавноста, отец Стојменов го избришал овој пост, со образложение дека тоа го направил непромислено, притоа извинувајќи им се на неговите фејсбук пријатели што ги вознемирил и со молба да му простат. Но, не и извинување до оние кон кои упати говор на омраза.
Повеќе податоци

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0