Верифицирано

Говор на омраза заради етничка и религиска припадност - повик за насилство

14:38 Jun 3 2020 Онлајн

Опис
На 16.5.2020 на платформата Јутјуб е објавено видео на коешто е приклучен возрасен маж (најверојатно од македонска етничка припадност) коешто упатува директни навреди кон Ромите кои ги нарекува „Цигани“, во неколку наврати се заканува дека ќе изврши насилство врз ромската заедница и дека го оправдува Геноцидот од Втората Светска војна од страна на Нацистот Адолф Хитлер.

Воедно, во втората половина од видеото, упатува директни навреди кон припадниците на исламската етничка заедница.

Со ова видео ги повредува чувствата на припадниците на ромската заедница и припадниците на исламската религија, но и ја нарушува безбедноста на припадниците на овие заедници.

Верувам дека пријавата е анонимна и не би сакал директно да се вклучам во судските постапки, но очекувам вашата организација да го идентификува случајот и да поднесе кривична пријава.
Повеќе податоци
Кривични дела: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем,Одобрување или оправдување на геноцид злосторства против човечноста или воени злосторства

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: Веб платформа - Јутјуб
Јавен настан: Друго
Дали пријавивте на друго место?: Не пријавив на друго место

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0