Верифицирано

Колумна со говор на омраза

15:26 Jun 26 2021 Прилеп

Опис
На 26.6.2021 година, Елизабета Најдоска Величкова напишала текст со наслов “Простете геј другари, не е до хормоните, до логиката е!“, кој е објавен порталите „Темите.мк“, „Трибуна.мк“ и „Мисли.мк“ и на нивните фејсбук страни.1. Текстот „Простете геј другари, не е до хормоните, до логиката е!“ изобилува во вознемирувачки содржини кон ЛГБТИ луѓето, кои ја преминуваат границата на слободата на изразување.
Тонот во текстот е дискриминирачки, полн со омраза, презир и неодобрување на ЛГБТИ луѓето, како и негирање на основното човеково право, правото на мирен собир, на оваа маргинализирана заедница.
Дел од возменирувачките содржини вклучуваат:

„Се знае како се прави дете и од кај излегува тоа детето. Или и за тоа имате решение, сепак сите сте богати ве колкаат со пари па ќе ви роди некоја. Аууу ќе заборавев Love is love. Ова забегано малку другари, и за педофилите ли ви важи ова? Не е сè love, нешто е и БОЛЕСТ!“

„За разлика од вас, ние ве гледаме како луѓе. Ама пусто модерно… Што е следно? Протест и субвенции и вазелин и страп он? Или може протест за бесплатни операции за СЕЧЕЊЕ на мандалото?“ 2. Од коментарите под објавата на текстот на Фејсбук страниците на Трибуна.мк, Мисли.мк и
Темите.мк, вознемирувањето врз основа на сексуална ориентација станува уште повидливо. Страницата Трибуна.мк има 22.766 следбеници, додека реакциите на читателите на различните објави се мали, со исклучок на текстот на Елизабета Најдоска Величкова, кој има преку 1000 реакции, 113 коментари и 86 споделувања. Додека, фејсбук страницата на трибуна.мк текстот има 20.897 следбеници, додека на спорниот текст има 80 реакции, 12 коментари и 6 споделувања. Порталот темите.мк, има 14.925 следбеници, спорниот текст има 45 реакции, 11 коментари и 103 споделувања. Ова значи дека текстот допрел до поширока публика, која во најголем процент споделува застрашувачки, возменирувачки и непријателски пораки кон ЛГБТИ луѓето. Коментарите под објавите вклучуваат и јасни повици за насилство кон ЛГБТИ луѓето, како повик да се третираат ЛГБТИ луѓето како на Парадата во Турција каде активистите се соочија со полициска бруталност, повици да умрат, се квалификуваат како ненормални и штетни за општетсвото, борбата за ЛГБТИ права се нарекува „агресивна пропаганда“, слика од куршум кој треба да претставува решение на проблемот со ЛГБТ луѓето итн. Во коментарите исто така има многу вознемирувачка содржина и говор на омраза кон лицата кои ги поддржуваат ЛГБТ луѓето само затоа што се појавиле на парадата или затоа што се поддржувачи на идејата за еднакви права и слободи на ЛГБТИ луѓето.
Повеќе податоци
Кривични дела: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал,Фејсбук
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: Портали „Темите.мк“, „Трибуна.мк“ и „Мисли.мк“
Дали пријавивте на друго место?: Комисија за заштита од дискриминација

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0